Аврамовиќ со еден збор првпат се јави по дебаклот на Србија на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Србија не се прослави на Евробаскетот. Србите отидоа во Рига како главни фаворити за златото, а учеството на турнирот го завршија веќе во осминафиналето на Евробаскетот каде беа елиминирани од Финска.

По елиминацијата од Евробаскетот, јавноста во Србија говори за разни шпекулации поврзани со атмосферата во репрезентацијата на нашиот северен сосед.

Од односот на селекторот Светислав Пешиќ со играчите, до проблемите што се појавија за време на првенството, како на паркетот, така и во соблекувалната. Има многу приказни, а сега за прв пат по поразот од Финска, се огласи Алекса Аврамовиќ, кој објави серија фотографии од Евробаскетот на својот Инстаграм со еден збор:

„Тим“, напиша плејмејкерот на Србија.

Се вчитува...