Дефанзивецот на Партизан Алекса Аврамовиќ објави дека операцијата на левата рака поминала добро.
Аврамовиќ, кој се повреди во третиот натпревар од плејоф серијата со Реал Мадрид, беше опериран во главниот град на Шпанија.
„Ви благодарам на сите за зборовите на поддршка. Операцијата беше извршена вчера и се помина во најдобар можен ред. Благодарам на лекарите на Партизан, благодарам на докторот Роџер Игнасио де Оња кој ја изврши операцијата! Се надевам дека целосното закрепнување ќе помине без проблеми! Момци, ве чекам во Мадрид“, напиша Аврамовиќ.
Аврамовиќ сезонава во Евролигата имаше просек од 6,3 поени, 1,6 скока и 1,9 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА