Повремениот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски е херојот на Сараево во триумфот на „бордо-тимот“ на гостувањето против Слобода Тузла со 2-3 во шампионатот на БиХ.
Сараево дојде до пресврт победа, откако имаше негатива во поголемиот дел од мечот и тоа благодарение на погодокот на Аврамовски во 73. минута од средбата.
Аврамовски, само три минути откако влезе во игра, одлично реагираше во противничкиот шеснаесетник со шут од десеттина метри одмерени прецизно стрелаше во мрежата за триумф на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА