Аврамовски двоен стрелец и асистент во победата на Игдир

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски одигра одлична партија за турскиот второлигаш Игдир, најзаслужен за убедливата победа на неговиот тим од 3-0 против Качиоренгучу.

Аврамовски најпрво во 35. минута од средбата беше асистент на Бруно за погодокот за водство од 1-0 на својот тим.

А, потоа во второто полувреме, и самиот двапати се запиша во листата на стрелците во 52. и во 60. минута за конечни 3-0.

Со овие два гола Даниел Аврамовски сега со вкупно 11 голови е на второто место на листата на најдобрите стрелци во Втората лига на Турција.

Се вчитува...