Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски продолжува со одличните игри во дресот на Болуспор во Втората лига на Турција.
Болуспор триумфираше во 19. коло со 3-1 против Аданаспор, а Аврамовски беше двоен стрелец на дуелот. Првиот гол го постигна во 43. минута, зголемувајќи на 2-0 во тие моменти, а потоа беше стрелец и на уште еден погодок во 73. минута, за конечни 3-1.
Аврамовски сезонава има девет гола и е трет стрелец во Втората турска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА