Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Даниел Аврамовски го промени клубот во Турција, откако денеска потпиша со екипата на Сиваспор.
Аврамовски во Турција пристигна минатата година во Болуспор, каде што не се задржа долго и продолжи во Игдир, а сега ќе настапува Сиваспор. Претходно една сезона во 2021 година помина и во Кајсериспор.
Низ кариерата Аврамовски ги бранеше боите на Вардар, Олимпија, Војводина, Црвена Звезда, ОФК Белград, Македонија Ѓорче Петрови и Работнички. За сениорската репрезентација на Маакедонија собра осум настапи, а последниот беше против Исланд во 2021 во квлаификациите за Светското првенство.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

