ЕКИПА во Гдиња,
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Шпанија е веќе минато. Еден ден по убедливиот пораз, младата фудбалска репрезентација на Македонија се обидува да го остави зад себе дебитанскиот настап на Европското првенство и сите мисли да ги насочи кон следниот предизвик, настапот против Србија во второто коло, во вторник, во Бидгошч, со почеток во 18 часот.
Даниел Аврамовски не доби шанса да заигра против „црвената фурија“, но смета дека неговите соиграчи одиграа храбро против силниот ривал и не заслужија таков убедлив пораз. Се надева дека во вторник резултатски цела Македонија ќе има многу поубави вести од младите фудбалери.
„Ниту од далеку не заслуживме да бидеме така убедливо поразени. Имавме неколку одлични шанси, имаше моменти кога бевме подобар противник од Шпанците. Но, тие брутално ги искористија сите свои шанси. Ние немавме свој ден во реализацијата на можностите. Сепак, тоа е веќе зад нас. Ова е турнир, тука мораш веднаш да се насочиш кон следниот натпревар. Размислуваме позитивно и веруваме дека можеме да славиме над Србија во вторник“, истакна Аврамовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА