Аврамовски: Мое е да се надевам дека можеме да играме и финале

Репрезентативците на Македонија продолжуваат со подготовките за Европското првенство и мечевите против Австрија, Украина и Холандија. Даниел Аврамовски вели дека тој верува дека Македонија може да игра и финале на Европско првенство.

„Возбудата е голема. 2017 имам настап со младата репрезентација на Европското, но сега возбудата е далеку поголема бидејќи е големо натпреварување и играме со најдобрите во светот. Голем успех е и сето ова, јас се надевам на добар резултат бидејќи крајот го краси делото. Можно е да е создаден поголем притисок по победата над Германија. Но, тоа е фудбалот секој секого може да победи. Се надевам дека можеме да ги изненадиме сите репрезентации и да направиме голем успех. Овој собир има поголема тежина од секој претходен. Ние сме професионалци и даваме максимум на секој натпревар и искрено се надевам на голем успех. Јас се надевам дека ќе стигнеме и до финалето. Се разбира на нас е да дадеме максимум на секој меч, а останатоте ќе дојде само по себе. Со нетрпение очекуваме да почне. Имаме позитивна трема, но имаме и голема желба да ја претставиме Македонија најдобро што можеме. Гледаме дека е голема еуфорија во државава. Има голема заинтересираност кај сите Македонци без разлика каде се. Знаеме дека публиката секогаш е наш 12 играч и затоа се надеваме дека ќе бидат во колку е можно поголем број. Сигурно ќе дадеме максимум и ќе гинеме за светиот дрес и на крајот дека ќе ги израдуваме сите. 

Се вчитува...