Младинскиот репрезентативец на Македонија, Даниел Аврамовски на извонреден начин се вклопи во редовите на својот нов клуб, словенечкиот шампион Олимпија Љубљана.
Аврамовски е еден од клучните играчи во тимот на Олимпија на првите тест дуели, постигнувајќи и два погодоци за Словенците.
„Навистина се чувствувам одлично во редовите на Олимпија. Одлично сум прифатен, одлично ми лежи начинот на кој е поставена играта и верувам дека ќе имам успешна пролет во Словенија. По онаа епизода во Црвена Звезда, се надевам дека сега ќе имам вистинска можност да ги докажам моите квалитети. Преку игрите во Олимпија посакувам во вистинска форма да го дочекам и настапот на Европското првенство во јуни во Полска“ – вели Аврамовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА