Аврамовски потврди дека заминува од Сараево

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски потврди дека по две години ќе го напушти Сараево и во зимскиот преоден рок ќе бара нов ангажман.

Аврамовски беше дел од репрезентацијата на Македонија на ЕВРО 2020, а во финишот на мечот против Украина имаше и убава шанса која за жал на крајот не ја искористи.

„По две години поминати во ФК Сараево дојде време за разделба. Горд сум и почестен што бев дел од ваков клуб. Градот Сараево ми прирасна при срце и секогаш ќе се сеќавам со радост, стекнав и многу нови пријатели. На клубот му посакувам се најдобро и многу успеси во иднина”, објави Даниел Аврамовски.

 

Се вчитува...