Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски е на добар пат повторно да се врати во првенството на Србија. Тој беше во член на Црвена Звезда и на ОФК Београд, а потоа замина во Словенија и потпиша за Олимпија Љубљана. Сепак, таму не доби голема шанса за настап, па сега е на прагот да се врати како ново засилување за Војводина.
Српските медиуми најавуваат дека преговорите меѓу Војводина и Олимпија Љубљана се во завршна фаза и Аврамовски треба да се пресели во тимот од Нови Сад до крајот на летниот преоден рок. Аврамовски беше стандарден член на младинската репрезентација на Македонија до 21 година која учестуваше на Европското првенство во Полска, а сега треба да се наметне со добри игри и за А-селекцијата на нашата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА