Даниел Аврамовски го запиша првиот свој гол сезонава во дресот на љубљанска Олимпија која убедливо со 1-4 славеше на гостувањето против Хелсинки во 3. квалификациско коло за Лигата на Европа.
На лесен начин, со вкупен резултат од 7-1, Словенците обезбедија пласман во плеј-оф рундата од квалификациите за ЛЕ.
Аврамовски беше стрелец на вториот гол за Олимпија во 72. минута за водство од 0-2 во тие моменти…
Олимпија во плеј-оф рундата за место во групите од ЛЕ ќе игра против Спартак Трнава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

