Австралискиот пливач Зек Стублети-Кук го урна рекордот на 200 метри градно. Тој на австралиските квалификации за Светското првенство делницата од 200 метри градно ја исплива за време од 2:05.95 минути.
Со ова време тој го урна досегашниот рекорд кој изнесуваше 2:06.12 минути, а беше во сопственост на Русинот, Антон Чупков од Светското првенство во Гуангжу во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА