Aвстралиецот Вилсон го израмни светскиот рекорд на 200 метри градно

Австралискиот пливач Метју Вилсон го израмни светскиот рекорд на 200 метри градно. Тој во полуфиналето на Светското првенство во Гвангжу исплива со време од 2:06.67 стотинки, што е идентично како времето на досегашниот светски рекордер, Јапонецот Ипеј Ватанабе.

Финалето на 200 метри градно на шампионатот во корејскиот град на програмата ќе биде утре.

 

Се вчитува...