Австралискиот кошаркарски стручњак Адам Капорн (42), кој моментално работи како помошник тренер во НБА тимот на Вашингтон Визардс, е назначен за нов селектор на австралиската машка репрезентација.
На таа позиција, Капорн го наследи Брајан Гурџијан, кој се повлече минатата година, по настапот на Австралија на Олимписките игри во Париз. Таму популарните Бумерси стигнаа до четвртфиналето каде беа елиминирани од Србија.
Освен во Визардс, Капорн работеше и како помошен тренер во Бруклин Нетс, а од 2014 до 2021 година беше главен тренер на австралиската кошаркарска академија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

