Австралија во вториот натпревар на Летните олимписки игри во Париз ќе се сретне со Канада во супер важен натпревар во амбициите за пласман во разигрувањето за медал во главниот град на Франција.
Дел од австралискиот состав се очекува да биде и поранешниот кошракар на Партизан, а сегашен член на Далас, Данте Егзум кој го пропушти првиот натпревар во Франција поради повреда на прстот.
Рехабилитацијата на бекот се одвива во вистинска насока. Тој беше дел од дешениот контакт тренинг и голема е веројатноста дека ќе биде дел од утрешниот натпревар, но сепак последната одлука за настап ќе биде донесена пред самата средба.
Австралија и Канада во овој натпревар влегуваат на крилја на победите над Шпанија и Грција во првото коло па триумф во следниот натпревар ќе ги доведе овие репрезентации на чекор до пласман во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА