Австралија и Шведска ќе се борат за финале на ЛОИ, Канада го чека подобриот од Холандија и САД

Во интересен меч со седум погодоци, Австралија успеа да ја совлада Велика Британија со 4-3 и да го осигура свеото место во полуфиналето на Олимписките игри. Велика Британија беше блиску до победа откако до 89. минута од натпреварот имаше предност од 2-1, меѓутоа Австралијанките прво успеаја да го доведат мечот во продолженија, а потоа и да постигнат два гола во дополнителни 30 минути.

Противник на Австралија во полуфиналето ќе биде селекцијата на Шведска која го совлада домаќинот Јапонија со 3-1. Откако по 45. минути игра на семафорот стоеше 1-1, Швеѓанките победата ја осигураа во второто полувреме.

Репрезентацијата на Канада пак успеа да го елиминира Бразил од Олимписките игри по изведбата на пенали (4-3) откако во регуларниот дел и продолжението не беа постигнати голови. Канаѓанките во полуфиналето ќе се сретнат против подобриот од натпреварот помеѓу Холандија и САД.

Се вчитува...