Австралија ќе биде домаќин на НФЛ натпревар

Американската професионална лига во американски фудбал, НФЛ, објави дека во 2026 година за прв пат ќе се одигра лигашки натпревар во Австралија.

Натпреварот ќе се игра во Мелбурн, една од екипите кои ќе настапат ќе биде Лос Анџелес Рамс, додека другата се уште не е одредена, а натпреварот најверојатно ќе се игра во рамките на 1. коло.

Австралија е уште еден важен и голем пазар за НФЛ бидејќи се проценува дека лигата моментално има дури 6,6 милиони фанови во Австралија, а тој број постојано расте.

Се вчитува...