Австралија ќе го предизвика Перу во баражот за пласман на СП (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Австралија славеше над Обединетите Арапски Емирати со 1-2 во азискиот бараж натпревар за пласман во интерконтиненталниот бараж.

Откако по првото полувреме мируваа мрежите, Австралијците стигнаа до водство од 0-1 со голот на Ирвин во 53. минута. Само четири минути подоцна Обединетите Арапски Емирати израмнија на 1-1 преку Канедо.

Голот за победа за Австралија го постигна Хрустиќ во 84. минута. Австралија следниот вторник ќе се сретне со Перу, а победникот од овој меч ќе биде претпоследниот патник на мундијалот во Катар. Последниот патник ќе го добиеме од дуелот меѓу Коста Риак и Нов Зеланд.

Првиот гол на Австралија можете да го погледнете на следниот линк. 

Вториот гол на Австралија можете да го погледнете на следниот линк.

 

Се вчитува...