Австралија не го виде противничкиот гол, Аргентина со предност на полувремето

Аргентина има предност од 1-0 на дуелот со Австралија во 1/8 финалето. Лионел Меси ја донесе предноста откако погоди прецизно во голот на Рајан во 35. минута.

Аргентинците тргнаа фуриозно, но како одминуваше времето се обидуваа да ја умртват играта, а потоа една навидум безопасна акција и со многу австралиски фудбалери во шеснаесетникот, Меси најде пат до голот на противникот.

Австралија не направи ништо по голот на Мартинез. Имаше само два изведени корнери, од кои не успеа да се закани по голот на Аргентинците. Доколку нешто не сменат во вториот дел, ќе им биде тешко на Австралијците да дојдат до добар резултат против расположениот Меси.

Се вчитува...