На сите им е јасно дека Новак Ѓоковиќ е при крај на кариерата, но никој не знае со сигурност кога ќе се случи тоа.
Има различни мислења и информации, но она што е вистина е дека Ѓоковиќ на 38 години успеа да се пласира во полуфиналето на сите четири гранд-слем турнири сезонава.
Но, таму го запреа моментално најдобрите Јаник Синер и Карлос Алкараз, па прашање е дали Новак ќе успее да ги победи на најголемите турнири, всушност дали ќе има сили за тоа.
Рене Стабс, поранешна тениисерка во двојки и во еден момент тренер на Серена Вилијамс, има свое мислење за тоа каде и кога Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата:
„Имам чувство дека Австралија опен ќе биде неговиот последен голем турнир на кој ќе игра. Мислам дека не сака да продолжи да игра после тоа и да оди на Ролан Гарос. Тој е толку добар на секоја подлога, но не гледам дека може да ги победува тие момци во пет сета на земјена подлога, а потоа оди на Вимблдон“, изјави Стабс.
Таа ја наведе и причината за нејзиното размислување:
„Чувствувам дека Австралија опен би бил одличен начин да ја заврши неговата кариера. Тоа е местото каде што го освои својот прв гранд-слем. Сите знаеме што е Австралија Опен и колку му значеше. Тоа беше нешто што го сака или мрази, што беше некако совршено за неговата кариера“, заврши Стабс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

