Премиерот на државата Викторија потврди дека Австралија Опен ќе може да се одржи пред полни трибини во Мелбурн од 17 до 30 јануари следната година. Со оваа најава, првиот Грен Слем за новата година полека ќе се врати во нормала.
Според најавата, Мелбурн Парк на почетокот на годината ќе може да прими околу 60.000 гледачи.
„Благодарение на вакцинацијата на 90% од жителите на Викторија, повеќето ограничувања, речиси сите, ќе можат да исчезнат“, потврди Даниел Ендрјус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

