Конечно, најден термин за Австралија Опен

Австралија опен ќе почне на 8. февруари пренесуваaт светските медиуми. Грен-слемот во Мелбурн првобитно беше закажан за 17. јануари, а потоа беше одложен за 1. февруари. Сепак, како што пренесуваат медиумите веројатно неговиот старт ќе биде недела подоцна.

Тенисерите ќе дојдат во Мелбурн меѓу 15. и 17. јануари и ќе бидат во балон до крајот на првиот месец во 2021 година. Тие надвор од своите апартмани ќе смеат дневно да бидат само 5 часа од кои ќе може да ги користат само терените за тренинг и фитнес центрите.

Секој позитивен тест ќе значи 14 дена изолација во хотел, а тестовите ќе бидат правени првиот, третиот, десеттиот и четиринаесеттиот ден од доаѓањето во Мелбурн. Во текот на траењето на турнирот тенисерите ќе смеат слободно да се движат во комплексот.

Се вчитува...