Австралија Опен: Победа на Медведев, фаворитот елиминираше Србин

Данил Медведев триумфално го започна овогодинешното издание на Австралија Опен. Рускиот тенисер славеше со убедливи 3-0 во мечот против Јеспер Де Јонг.

Медведев го доби првиот сет со 7-5, во вториот славеше со 6-2, а во третиот по голема борба издвои победа со 7-6(7-2).

Исто како и Медведев, фаворитскта улога ја потврди и Стен Вавринка кој го елиминираше српскиот тенисер Ласло Џере со 3-1.

Србинот го доби првиот сет со 7-5, но Швајцарецот беше далеку подобар во следните два за пресврт со 6-4, односно 6-3.

Во последниот сет исполнет со голема борба Вавринка славеше со 7-6(7-4).

Се вчитува...