Австралија Опен уште непочнат а веќе и првото откажување!

Австралија Опен уште непочнат а веќе пристигна и првото откажување од првиот грандслем турнир годинава. Италијанецот Матео Беретини мораше да се откаже од настапот поради повреда на стопалото.

Финалистот на Вимблдон од 2021 година во првото коло на Австралија Опен требаше да се сретне со Гркот Стефанос Циципас, но повредата беше посилна од него.

Него сега ќе го замен Белгиецот Зизу Бергс кој ќе биде „лаки лузер“ од квалификациите.

Беретини изминативе години повеќе е на модните писти отколку на тениските терени.

Се вчитува...