Австралија преку Тунис до прва победа во Катар

Австралија остана во игра за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар откако во второто коло славеше против Тунис со 1-0. Победоносниот гол беше дело на Мичел Дјук кој во 23. минута ја затресе мрежата на Дахмен.

Со денешната победа островската држава стигна до првите бодови на Мундијалот и во последното коло против Данска ќе одлучува за место во разигрувањето. Тунис пак од друга страна и покрај тоа што има шанси за осминафинале нема да зависи самиот од себе.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...