Австралија сака да биде домаќин на Светско првенство

Фудбалската федерација на Австралија ја разгледува можноста да се кандидира за домаќин на Светското првенство во 2030 или 2034 година. Претседателот на федерацијата, Џејмс Џонсон за медиумите изјави дека верува во проектот по добивањето на организацијата на Летните олимписки игри во 2032 година.

Австралија исто така во 2023 ќе биде домаќин и на женскиот фудбалски шампионат. Како што пренесуваат медиумите поголеми се шансите Австралија да ја добие организацијата на мундијалот во 2034, бидејќи најверојатно во 2030 домаќин ќе биде некоја од европските земји бидејќи следните два мундијала (2022 и 2026) ќе се одржат во Катар, односно САД, Мексико и Канада.

 

 

Се вчитува...