Големата награда на Формула 1 во Австралија ќе биде одложена поради ограничувањата во таа земја, а главен причинител е пандемијата предизвикана од корона вирусот. По нарушениот календар во 2020 година, Ф1 го објави распоредот со 23 трки за 2021 година, а стартот требаше да биде на 21. март во Мелбурн.
Сепак, Австралија сè уште има строги мерки во врска со патувањето, а „Оутспорт“ известува дека најреален потег во овој момент е да се премести закажаната трка кон крајот на годината.
Ако е така, а официјалната одлука се очекува подоцна во јануари, Големата награда на Бахреин на 28. март ќе го означи почетокот на новата сезона.
Австралија во моментов се подготвува за тениската сезона која започнува на 1. февруари и секој што сака да игра, претходно мора да биде во двонеделен карантин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА