Австралија нема да се кандидира за домаќин на Светското првенство во 2034 година, откако беа земени предвид „сите фактори“, објави во вторникот Фудбалската федерација на Австралија.
ФИФА ги покани Азија и Океанија да поднесат кандидатури за Светското првенство, со краен рок до 31. октомври.
Претседателот на Фудбалската федерација на Австралија, Џејмс Џонсон, претходно изрази интерес за кандидатура во 2034 година, но управното тело рече дека ќе се фокусира на понудите за женскиот азиски куп во 2026 година и Светското клупско првенство во 2029 година.
„Ја испитавме можноста да се пријавиме за домаќин на Светското првенство во фудбал и земајќи ги предвид сите фактори дојдовме до заклучок дека тоа нема да го сториме за 2034 година“, се вели во соопштението на Австралиската фудбалска федерација.
Саудиска Арабија објави дека ќе се кандидира за домаќин на Светското првенство во 2034 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА