Кошаркарската репрезентација на Австралија со победа го стартуваше настапот на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз откако денеска славеше над репрезентацијата на Шпанија со 92-80.
Австралијците уште од самиот старт ја презедоа иницијативата и буквално во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на триумф.
Џок Лендејл со 20 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 27 поени на Санти Алдама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА