Австралија во шок: Познат тренер пронајден мртов во својата гаража

Некогашниот рагбист и тренер Пол Грин, е пронајден мртов во својот дом во Бризбејн.

Како што преенсуваат властите на австралиската држава Квинсленд, Грин е пронајден во својата гаража, а итната помош која дошла на лице местото констатирала само смрт на 49-годишниот тренер.

„Полицијата е повикана во резиденција во Вајнама утрово нешто после 10 часот, откако 49-годишник е пронајден без свест. Екипата на итна помош го прогласи за мртов“, стои во соопштението на полицијата.

Грин во текот на играчката кариера настапуваше за Кронул Шаркс, Норт Квиндленд Каубојс, Сиднер Рустерс, Парамата Илс и Бризбејн Бронкос. Како тренер ги водеше Каубојс до првата титула 2015 година.

Се вчитува...