Кајли Мекион ја продолжува својата серија на светски рекорди на митинзите од Светскиот куп во Будимпешта. Еден ден откако постави граница од соништата на 50 грбно, неверојатната Австралијка го постигна најдобриот резултат во историјата на двојно поголемата делница.
На целта стигна таа стигна за 57.33 секунди, што беше за 12 стотинки подобро од најдоброто време досега кое исто така беше во нејзина сопственост. Мекион е актуелен олимписки шампион на 100 и 200 грбно, светски шампион на 50, 100 и 200 метри и сопственик на сите светски рекорди од 50 до 200 метри.
New World Record in the 100m Backstroke! 🇦🇺 Kaylee Mckeown did it again!@DolphinsAUS @ee_oly pic.twitter.com/PTlNL86p7I
— World Aquatics (@WorldAquatics) October 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА