Австралијската пливачка Кајли Мекионн постави нов светски рекорд на 200 метри грбно на митинг во Сиднеј. Австралијката од 200 метри грбно ја помина со време од 2:03.14 минути, надминувајќи го резултатот на Реган Смит постигнат на Светското првенство 2019 година во Гвангжу за 21 стотинка.
21-годишната Австралијка е трикратна олимписка шампионка од Токио, каде славеше во трките на 100 и 200 грбно, како и во штафетата 4 х 100 мешано.
Комплетната доминација на 200 грбно Мекион ја потврди минатата година кога на шампионатот во Будимпешта стигна до титулата светски шампион.
WORLD RECORD BROKEN! 😱🌎
Kaylee McKeown broke the Women’s 200M Backstroke world record tonight at the NSW State Championships, shaving an impressive 0.21 seconds off the previous mark to finish in 2:03.14!
Unbelievable Kaylee. 👏 pic.twitter.com/tuxw9p3ybw
— Australian Swim Team (@DolphinsAUS) March 10, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА