Сагата околу Новак Ѓоковиќ и натаму продолжува, а на најдобриот светски тенисер, како што пренесуваат австралиските медиуми, му се закануваат и пет години затвор.
Според новите информации, како што пренесува „Сиднеј морнинг Хералд“, Министерството за внатрешни работи на Австралија ја проширило истрагата поради кршење на условите за изолација во Србија, како и неточни тврдења во обрасците за патување, и недоследност во датумот на неговиот тест за Ковид-19.
Пооделно од сето тоа, пак, се размислува и укинување на визата врз основа на тоа дали прележан коронавирус во претходните шест месеци е валиден исклучок за вакцинација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

