Австралијците по поразот од Србија останаа и без селектор

Австралиската кошаркарска репрезентација во иднина нема да биде предводена од Брајан Горјиан кој по поразот од Србија во четвртфиналето на Летните олимсписки игри во Париз повеќе нема да ја врши селекторската улога.

Со тоа воедно завршува и вториот мандат на 71-годишниот тренер како селектор на оваа држава. Првиот мандат го имаше од 2001 до 2009 година, а вториот од 2020 досега во кој Австралија освои бронза на Игрите во Токио, заврши како десетта на Светското првенство во 2023 година и претрпле четвртфинална елиминација во Париз.

Покрај Горјиан дел од репрезентацијата во иднина нема да биде и Пети Милс, легендарниот кошаркар кој на 35-годишна возраст се повлекува од репрезентацијата.

Се вчитува...