Големото истражување на медицинските центри во Австралија дава резултат, па од овој континент стигнуваат охрабрувачки вести во трката за што поскоро откривање на вакцината против коронавирусот. Имено, стручните лица веќе извесно време вршат истражувања со вакцината против туберкулоза, која дава изненадувачки добри резултати и во случаите поврзани со Ковид-19.
„Станува збор за лек против инфекции на белите дробови, што сега се покажува дека помага и при најновите болести што го напаѓаат овој дел од организмот“, велат стручњаците.
Австралија отиде и чекор понапред, над 500 медицински лица кои се во првите борбени редови против коронавирусот се согласиле да бидат дел од најновото истражување што почнува денеска. Дел од нив ќе ја примат вакцината, некои ќе бидат само дел од контролната група, а потоа внимателно ќе се следат сите нивни симптоми и начинот на кој организмот реагира на вакцината. Конкретно, се очекува со добивањето на оваа вакцина организмот да создаде значителен број на антитела за Ковид-19.
„Не станува збор само за конкретен лек со кој се уништува коронавирусот, ова е нешто што веднаш помага, го крева имунитетниот систем да работи со најголем интензитет, да се бори против сите болести“, изјави Професор Стивен Веселинг од болницата во Аделаид, чии вработени ќе бидат дел од целокупниот проект.
Владата на Австралија инвестираше 200.000 долари во ова клиничко испитување, а Министерот Стивен Вејд е оптимист дека ќе вроди со плод.
„Возбудени сме од помислата дека една вакција што веќе постои и е произведувана ширум светот може да помогне како лек за коронавирусот. Веруваме дека ќе им помогне на нашите медицински лица во борбата против Ковид-19, бидејќи тие сепак се најизложени на болеста“, истакнува Вејд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

