Австралиски олимпиец уапсен додека купувал кокаин

Член на австралиската машка репрезентација во хокеј на трева е уапсен во Париз и е во притвор поради поседување кокаин, соопшти Австралискиот олимписки комитет (АОК). Против неименуваниот играч не е поднесена кривична пријава.

„АОК продолжува да го истражува овој настан и дава поддршка на својот член“, соопшти АОК.

Според француските медиуми, Австралиецот бил уапсен додека купувал кокаин во вторникот. Инаку, Австралија во неделата го заврши натпреварувањето во машки хокеј со пораз од Холандија во четвртфиналето.

Се вчитува...