Австралиски рагбист осуден за силување

Поранешната австралиска рагби ѕвезда Џарад Хејн е осуден за силување. Ова е трет пат Хејн да се појавува на суд за истиот случај. Првото судење заврши без пресуда на поротата, второто со пресуда која беше укината по жалба за сега повторно да биде прогласен за виновен.

Од почетокот на судењето, Хејн ги негираше наводите дека нападнал жена во нејзината соба во 2018 година. По новата пресуда тој ќе биде осуден во среда. Судењето траеше 11 дена по трет пат пред судот, повторно и одбраната и обвинителството презентираа докази и ги сослушаа сведоците. Судот повторно ја слушна приказната дека сето тоа се случило на 30. септември 2018 година, кога Хејн влегол во домот на жената во Њукасл. Таа одбила да има односи со него, но и покрај нејзиното постојано одбивање, Хејн „зел што сакал“.

По шестдневни размислувања, поротата го прогласи Хејн за виновен за две точки од обвинението за сексуален напад. Откако беше поништена втората пресуда по жалбата, Хејн помина девет месеци во затвор пред да биде наредено ново судење.

Хејн е еден од најкорисните играчи во рагби лигата на Австралија, а имаше и кратко патување во НФЛ (со Сан Франциско 49ерс, во 2015 година). Настапи 11 пати за австралиската репрезентација со која беше светски првак во 2013 година.

Се вчитува...