Австралискиот рагбист Лиам Хемпсон загина во Барселона во наводна несреќа во ноќен клуб во каталонската престолнина. Шпанската полиција потврди дека на подот на ноќниот клуб е пронајдено тело, за кое се верува дека е на Хемпсон, откако паднало од голема височина.
Полицијата овој случај го третира како случајна смрт предизвикана од пад од височина од 10 метри во внатрешниот двор, изјави портпаролот на полицијата. Смртта на Хемпсон ја потврди неговиот татко Брет на социјалните мрежи.
„Се разбудивме со веста која никој не сака да ја слушне, скршено ни е кога дознавме дека Лијам доживеал несреќа и за жал не преживеал. Во најмала рака ни е скршено срце. Лијам имаше златно срце и беше сакан син, брат, внук, вујко и пријател. Зборовите не можат да ја изразат нашата тага. Ги замолуваме медиумите да ја почитуваат нашата приватност додека поминуваме низ овој пат“, напиша тој на Фејсбук.
Our thoughts and prayers go out to the Hampson whānau and Liam’s friends. Liam Hampson was a member of our NYC squad back in 2017; we are truly saddened by the news of his passing. Moe mai rā Liam 🙏💙❤️💚 pic.twitter.com/hDE3pj0MtN
— Vodafone Warriors (@NZWarriors) October 20, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

