Австриецот Грегор Хајн е победник на второто издание на планинарската трка „Охрид Ултра Треил 2020“.
33-годишниот Хајн неофицијално трката долга 107 километри ја помина за 14 часа и 30 минути.
„Фантастичен резултат и фантастична трка. Фасциниран сум од убавините и целокупната организација. Голем замор чувствувам во нозете. Воопшто не тактизирам кога трчам. Тргнувам без план и не штедам сили. Им благодарам на сите кои ме пречекаа на финишот и ме поздравија. Ќе носам убави спомени од Охрид“ – изјави победникот по крајот на денешната трка.
Учесниците на „Охрид Ултра Треил“ трката ја започнаа синоќа во 23 часот, додека Галичица Треил (66 километри) стартуваше во 7:30 часот, а Летница Треил (18 километри) во 10 часот. Прв на целта на „Летница треил“ пристигна Илија Пајмакоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА