Винсент Крихмајер стигна до злато на супервелеслаломот на Светското првенство во алпско скијање кој денеска се возеше во италијанскиот ски-центар, Кортина Д’ампецо.
Австриецот до победата стигна со време од 1:19.41 минута, што беше за седум стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Германец Ромед Бауман. Бронзениот медал му припадна на лидерот во генералниот пласман во Светскиот куп, Алексис Пантуро кој доцнеше 38 стотинки зад времето на победникот.
Утрово во Кортина Д’ампецо беше возен и женскиот супер-џи во кој со медали се закитија Лара Гут Бехрами, Михаела Гизин и Михаела Шифрин. Утре е ден одмор на светскиот шампионат, а во сабота е закажан спустот во женска конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА