Австриецот Матијас Мајер го одбрани златниот медал од пред четири години во Пјонг-Чанг, триумфирајќи на супервелеслаломската трка на Зимсите олимписки игри во Пекинг.
Мајер до златниот медал стигна со извонредна трка и вкупно време од 1:19.94 минута. До сребрениот медал сензационално стигна Американецот, Рајан Кохран-Зигел кој доцнеше само две стотинки зад времето на златниот Мајер. Подиумот го надополни Норвежанецот, Александер Омот-Килде кој доцнеше 42 стоти делови од секундата зад времето на победникот.
Лидерот во светскиот куп, Швајцарецот, Марко Одермат не ја заврши денешната трка исто како и златниот од вчерашниот спуст неговиот сонародник, Беат Фојц.
За Мајер ова е вкупно трето злато на ЗОИ, откако покрај најсјајното одличје во истата дисциплина во Пјонг Чанг, освои злато и во спуст на игрите во Сочи 2014. Инаку ова е втор медал за него во Пекинг, откако вчера беше бронзен во спуст трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА