Сезоната во Формула 1 почна, но за тимот на Ред Бул премиерниот викенд во Австрија беше катастрофален. На првата трка во сезоната победи Валтери Ботас, втор беше Шарл Леклер, а третото место му припадна на Ландо Норис. Интересно е што на подиумот немаше ниту еден возач на Ред Бул.
„Бевме во ситуација да се бориме за победа. Тргнавме со медиум гуми и тоа значи дека во продолжение од трката требаше да бидеме побрзи. Потоа видовте што се случи со Алекс… Да имате нула бодови по првата трка боли. Австрија беше брутална за Ред Бул“, изјави првиот човек на тимот, Крис Хорнер.
Формула 1 продолжува викендов со нова трка во Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА