Фудбалерите на Австрија попладнево на минус шест степени во Алмати, успеаја да дојдат до победа над Казахстан, и така да се зацврстат на првата позиција на табелата. Казахстан, пак, и официјално со овој пораз испаѓа во Ц сегментот во Лигата на Нации.
Австрија дојде до предност со голот на Баумгартнер во 15. минута од средбата. Австријците се доближија до победата во 23. минута кога Казахстан остана со играч помалку, по исклучувањето на Марочкин.
Тоа го искористи Грегорич кој од слободен удар во 25. минута донесе предност од 0-2 за гостите во ледениот Казахстан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА