Австрија не признава фаворити: Победа над Унгарија за голем чекор кон борба за полуфинале

Ракометарите на Унгарија и Австрија одиграа еден трилер натпревар кој на крајот заврши со победа на хитот на шампионатот од 30-29… Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни во која и двете екипи погодуваа скоро од секоја позиција па на пауза се замина со најреалните 17-17.

Во ист тек продолжи и второто полувреме, но за разлика од првите 30 минути овојпат одбраните се појавија па на четири минути до крајот на мечот се влезе со реми 27-27. Херој за Австријците беше Билик кој на 20 секунди до крајот го постигна голот вреден победа (30-29). Билик со осум гола беше прв стрелец во таборот на победникот, додека кај Унгарците Банхиди, Анчин, Рошта и Лекај постигнаа по четири гола.

Во главната група 1 денеска ќе се одиграат уште два меча во кои се среќаваат: Франција – Хрватска и Германија – Исланд.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...