Австрија победи, но Македонија е главна тема во Романија (ФОТО)

ЕКИПА во Букурешт, 

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски

Македонската фудбалска репрезентација загуби синоќа од Австрија со 1-3 во натпревар од 1. коло на Европското првенство. Сепак, и покрај поразот кај домаќините на овој меч Романците, главна тема е нашата репрезентација и нејзините неверојатни фанови.

Емисијата на „Про-тв“ каналот по завршувањето на дневната програма заврши со воодушевување на присутните на сметка на Македонија. Се разбира една од причините за големото внимание упатено кон нашата репрезентација е тоа што сме заедно во група со Романците во квалификациите за Светското првенство.

Сепак, во останатите медиуми во Романија исто така главна тема е Македонија и спектаклот кои го приредија македонските навивачи во Букурешт.

 

Се вчитува...