Австрија постепено ги враќа навивачите во спортските арени

Австрија постепено ги враќа навивачите на спротските терени. Веќе викендов по 100 лица ќе може да ги пратат настаните на отворено и во сала, а до летото бројот ќе порасне на 1250 посетители. Австрија ги намалува мерките во борбата со коронавирусот, па од 1. јуни ќе може по 250 луѓе да бидат дел од настани, по 500 од јули, а потоа таа бројка ќе се движи од 1000 до 1250, зависно од големината на објектот.

На отворено од 1. јуни таа бројка ќе изнесува 500. Од 1. јули 750, а потоа ќе се движи од 1250 па нагоре. Сите натпревари исто таќа ќе бидат под посебни правила по кои навивачите ќе мора да се држат. Мора да се напомене дека исклучок се уште се фудбалските натпревари каде се уште не е дозволено присуство на навивачи. Австриската фудбалска федерација преговара со властите во оваа земја околу враќањето на навивачите на стадионите.

Се вчитува...