Фудбалската репрезентација на Австрија славеше со 1-3 против Полска во натпревар од Д групата на Европското првенство во Германија. Со оваа победа Австријците направија голем чекор кон осминафиналето на ЕП, додека Полска најверојатно ќе ги спакува куферите бидејќи и остана меч само со првиот фаворит во сегментот Франција.
Австријците од својата прва шанса успеаја да стигнат до водство од 0-1 преку Гернот Траунер во 9. минута од мечот.
🚨 GOAL: Poland 0-1 Austria!
TRAUNER HEADS AUSTRIA INTO THE LEAD! 🇦🇹 pic.twitter.com/iAivZdwvJA
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 21, 2024
Полска својата прва шанса во мечот ја имаше во 18. минута преку Залевски кој биеше непрецизно над голот на Австрија. Полјаците сепак успеаја да стигнат до израмнување (1-1) и тоа против Кшиштоф Пјонтек во 30. минута.
🚨 GOAL: Poland 1-1 Austria!
PIATEK GETS POLAND BACK INTO THE GAME! 🇵🇱 pic.twitter.com/Dqp3HnJZTE
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 21, 2024
Ново водство за Австрија (1-2) донесе Кристоф Баумгартнер во 67. минута.
🚨 GOAL: Poland 1-2 Austria!
LOVELY MOVE FINISHED OFF BY BAUMGARTNER! 🇦🇹 pic.twitter.com/Cqe7QEFWam
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 21, 2024
Сите дилеми околу победникот ги разреши Марко Арнаутовиќ со својот гол од пенал за 1-3 во 78. минута.
🚨 GOAL: Poland 1-3 Austria!
ARNAUTOVIC PUTS AUSTRIA 2 GOALS IN FRONT! 🇦🇹 pic.twitter.com/Zc1ZcU8vcN
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА