Австрија триумфално со Катар на Вујовиќ, лесни победи за Скандинавците

Австрија ја запиша и втората победа на Светското првенство 2025. Во групата која во главната фаза од шампионатот вкрстува со групата во која е и Македонија, Австрија во 2. коло славеше со 28-26 против селекцијата на Катар која од клупата е предводена од поранешниот македонски селектор Веселин Вујовиќ.

Фримел со девет гола ги предводеше Австријците до победата која значи и место во следната фаза од првенството.

Данска, Шведска и Исланд, пак, воопшто немаа никакви проблеми запишувајќи лесни победи. Данска го победи Тунис со 32-21, Шведска беше убедлива со Јапонија со 39-21, а Исланд славеше против Зеленортските острови со 34-21.

Се вчитува...