Австријка ја има најкратката трка во историјата на алпското скијање

Австриската скијачка Катарина Хубер нема да го памети по добро настапот во Земеринг.

На третата велеслаломска трка од Светскиот куп таа падна веднаш по стартот. Хубер заврши на снегот пред првата капија, ситуација која не се гледа многу често.

Таа едвај се задржа на скиите за време на тргнувањето, но набрзо заврши со главата во снегот, удирајќи во првата капија.

Се вчитува...